Големи свлечишта во прилепско-мариовскиот регион
Прилеп, 8. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Долготрајните дождови предизвикаа појава на свлечишта во прилепско-мариовскиот регион.
На единствениот пат што води за прилепскиот дел од Мариово има големо свлечиште, коешто е сериозна закана да повлече голем од трупот на патот во реката. Неопходна е итна интервенција и санација, во спротивно ќе останат отсечени од цивилизацијата околу 300 жители од Мариово кои живеат во десетина села.
Ако се остане во оваа состојба сега да не се интервенира, можно е да дојде до затворање на патот, односно цел пат да се свлече до реката.
За полесни возила можеби не е толку голема опасноста, но сепак мојата препорака е да се избегнува овој пат засега.
Според надлежните, овој патен правец треба да се избегнува сè додека состојбата не се стабилизира целосно и патот не биде ставен во функција. А, патот го минуваат секој ден, тешки товарни возила на фирмите кои експлоатираат руди во Мариово. Фреквенцијата во сообраќајот е уште поголема поради честиот транспорт на јагниња пред велигденските празници.
Свлечиште на патот се јави и на другата страна од Прилеп, на превојот Дервен. (Крај)
извор: Р.С.Европа фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |