svnaumpredvecerje

Манастирот Св. Наум во предвечерјето на големиот празник

Охрид, 2. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Огромен број верници вечерва го посетуваат манастирскиот комплекс Св. Наум, во предвечерјето на празникот посветен на големиот светец Свети Наум Охридски Чудотворец, за кого меѓу народот има многу преданија и легенди.

Синоќа и рано утрово во манастирот се служеше света архиерејска литургија, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.

По повод празникот, бродовите „Александрија 1“ и „Александрија 2“ вечерва по рекламни цени ги превезуваа верниците до манастирот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Љупчо Лепи