zemjotres-640x360

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Охрид

Охрид, 4. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Земјотресот, чиј епицентар беше во Албанија, е почувствуван со интензитет од три степени во Охрид и Струга.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека земјотресот е регистриран во 11:01 часот, а епицентарот се наоѓа на 170 километри од Скопје, во соседна Албанија. Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 5,1 степени. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива