struski knizevni sredbi

По осми пат „Струшки книжевни средби“

Охрид/Струга, 4. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од утре до 7-ми јули по осми пат ќе се одржи традиционалната книжевна манифестација „Струшки книжевни средби“.

Бројни настани, од промоција на книги, поетски читања, колонии и локовни изложби ќе се одржуваат во текот на трите денови во Струга, Охрид, Дебрца и Вевчани.

– Ќе учествуваат македонски и српски писатели на здружението „Бран“ од Струга и „Седумка“ од Франкфурт на Мајна, Германија, потоа од „ХКД“ од Задар и „Ритам мисли“ од Вараждин, Хрватска, манифестација во содејство со невладината асоцијација „Хрватско-македонската Тагента“, информира организаторот, Петко Шипинкаровски.

Манифестацијата ќе биде отворена утревечер од 19:00 часот, во охридската библиотека, со промоција на двојазичната книга „Соѕвездие“ на македонски и српски писатели. Краток освтр за македонско-српското пријателство ќе дадат Петко Шипинкаровски и Љубиша Симиќ.

struski knizevni sredbi programaВо петок, 6-ти јули ќе бидат доделени наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“ за 2018 година. Ќе следи доделување на наградата „Книжевна далга“, за 2018 година, на добитникот Виктор Шеќероски, како и доделување на наградата „Книжевни бранови“ за најдобра прочитана песна на средбите.

Вечерта од 19:00 часот во црквата „Св. Никола“ во Вевчани ќе биде доделена наградата „Струшко слово“ на добитниците за 2018 година Никола Шимиќ Тонин (Хрватска) и Јордан Ѓорчев (Македонија). Од 21:00 часот во Пупиновата куќа ќе се одржи книжевно музички перформанс со Мојца и Питер Андреј (Словенија). Поетите ќе читаат песни од своето творештво.

Манифестацијата ќе биде заокружена во сабота, 7-ми јули, со посета на селото Белчишта, разгледување на Ликовната галерија, на природниот резерват „Сини Вирој“, посета на родната куќа и „Спомен собата“ на писателот Ванчо Николески, родоначалник на македонската литература за деца во селото Црвена Вода. Учесниците и присутните гости, ќе имаат можност да го погледаат изборот од вредните дела на реномирани ликовни уметници – учесници на Ликовната колонија „Дебрца“, меѓу кои: Јордан  Манасиески, Ѓоко Целески, Васко Ташковски, Јоне Симонче, Вангел Наумоски, Сергеј Андреески, Мето Георгиевски, Петар Мазев и многу други.

Од 13:00 часот ќе се одржи Етно хепенинг – Традиционална македонска софра, на кој јадењата ќе бидат приготвени од жителите на селото. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес