apartmani1_640x360

Станоиздавачите ќе се запознаат со Е-ПДД системот за остварени приходи од изнајмување соби и апартмани

Охрид, 5. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Приватните станоиздавачи утре ќе се запознаваат со Е-ПДД системот.

Според последните измени на Законот за персонален данок на доход физичките лица – даватели на услуги од мал обем (станоиздавачи) кои изнајмуваат соби, апартмани и слично, се обврзани да се регистрираат на овој систем.

На презентацијата од страна на стручно лице од Управата за јавни приходи ќе бидат образложени техничките карактеристики на системот Е-ПДД, постапката за регистрација на Е-ПДД системот, како и начинот на изготвувањето на пресметката која е обврска на физичките лица за секој остварен приход по основ на изнајмување на соби и апартмани.

Презентација ќе се одржи утре, 6-ти јули, во 10:00 часот во големата сала на општина Охрид.

извор: ОхридПрес фото: архива