sobranienamakedonija

Пратениците повторно ќе гласаат за Договорт за името

Скопје, 5. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Пратениците во македонското собрание денеска повторно ќе гласаат за Законот за ратификација на договорот за името.

Претходно пратениците на 20-ти јуни го изгласаа законот со 69 гласа „за“, но откако претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов одби да го потпише, истиот е вратен повротно во Собранието.

Седницата е закажана за 11:00 часот, а за да се изгласа на Собранието му се потребни 61 глас – „за“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива