univerzitetinformatika

Објавен конкурсот за запишување на УИНТ „Свети Апостол Павле“ во Охрид

Охрид, 6. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Универзитетот за информатички науки и технологии го објави конкурсот за запишување на студии од прв циклус на студиските програми на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид во учебната 2018/2019 година.

– Во зависност од своите афинитети и интереси идните бруцоши можат да избираат помеѓу: Компјутерски науки и инженерство, Комуникациски мрежи и безбедност, Машинска интелигенција и роботика, E-Влада, E-Бизнис, E-Култура, Информатичкисистеми, визуелизација, дигитална мултимедијална и анимациска техника, Развој на компјутерски игри, дигитален дизајн и анимација и Информациски и комуникациски системи за бизнис и менаџмент, со тоа што програмите за E-Влада, E-Бизнис, E-Култура и Развој на компјутерски игри, дигитален дизајн и анимација се во постапка за реакредитација пред Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, информираат од Универзитетот.

Првиот уписен рок е на 30-ти и 31-ви август, вториот на 13-ти и 14-ти септември, а третиот на 26-ти септември. Повеќе информации може да се добијат на следниот линк. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес