sanacijagledalistesvsofija

Санирано гледалиштето во предворјето на црквата „Света Софија“

Охрид, 8. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Пред почетокот на годинешното издание на „Охридско лето“ санирано е гледалиштето во предворјето на црквата „Света Софија“, кое е една од најатрактивните фестивалски летни сцени.

Во текот на изминатиот период комплетно беа заменети дрвените седишта на гледалиштето кои беа оштетени. Новиот лик, не само што е добар од естетска гледна точка, туку е важен и од безбедносни причини, бидејќи старите и веќе дотраени талпи претставуваа опасност за гледачите.

Предворјето на црквата „Света Софија“ со децении се користи како една од сцените за врвните уметници кои настапуваат на фестивалот „Охридско лето“. (Крај)

извор: Охридско лето фото: Охридско лето