izlozba_shilla_640x360

Патувачка изложба на фотографии „Јас припаѓам тука“ во кафе бар Shilla

Охрид, 9. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во кафе барот Shilla ќе биде отворена изложбата на фотографии, насловена „Јас припаѓам тука“ од млади талентирани вљубеници во оваа уметност.

Интересни и невообичаени ликови и струшки ќошиња е темата на изложбата која се реализира во рамки на проектот „Декада на припадност – Славење на различностите“, а покрај во Охрид, ќе биде поставена и во Струга, Кичево и Дебар.

izlozba_2_640x360

– Што ве инспирира да почувствувате припадност кон вашето родно место? Дали се тоа улиците каде сте пораснале? Некои посебни луѓе? Езерото, Дрим или планините? Некои неповторливи моменти? Претходниот период добивме многу фотографии на оваа тема, па така ја направивме и изложбата, велат организаторите од локалната агенција за развој од Струга и Граѓанската организација „Креативни и активни“ од Струга.

izlozba_3_640x360

Менторската поддршка и обработка на сликите се на струшкиот фотограф и уметник Кристина Затуроска – Кики Муки.

Отворањето на изложбата е во 20:00 часот, а ќе биде поставена до 20-ти јули. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива