hotamipa

ХОТАМ и ИПА потпишаа договор за соработка

Охрид, 9. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Интернационалната полициска асоцијација (ИПА), регион Охрид, деновиве потпиша Договор за деловна соработка со Здружението на хотели, ресторани, кафетерии и автокампови ХОТАМ.

Договорот беше потпишан од страна на претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески и Стефан Димоски, претседател на ИПА регион Охрид.

Според одредбите од  Договорот, на члeновите на Интернационалната полициска асоцијација, при користењето на сите услуги на членките на ХОТАМ, им е обезбеден попуст во висина од десет проценти. Овие поволности се однесуваат за сите членови на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) од земјава и од светот. Договорот, ќе биде објавен на интернет сајтот ipa.mk и на FB профилот Ipa Ohrid, ќе биде разменуван со другите ИПА региони во Република Македонија и во светот, во стручни брошури и списанија, а со цел рекламирање на ИПА партнерот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива