zlatnosvetskozlatendab1

Вечерва нова „Златно Светско со Златен даб“ забава со „Тамаро“

Охрид, 10. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во маркетот на „Тамаро“ на улицата „7-ми номеври“, во склоп на фабриката „Братство“, вечерва од 20:00 часот ќе се одржи третата забава од новиот заеднички проект „Златно Светско со Златен даб“ на „Тамаро“ и Златен даб.

Веќе традиционално, Златен даб како најдобро пиво за најдобрите пријатели, во соработка со водечките охридски „Тамаро“ маркети, организираат заедничко следење на најинтересните спортски натпревари, во комбинација со многу забава, а секако и награди за сите учесници. Така ќе биде и со најинтересните натпревари од тековното Светско фудбалско првенство во Русија.

– Нашите купувачи со секое купување на пиво Златен даб добиваат посебни жетони со кои ќе можат да бидат дел од некоја од петте забави кои се предвидени до крајот на првенството. Ќе имаме посебно прилагоден „фудбалски терен“ каде ќе можеме да постигнуваме голови кои ќе бидат посебно наградени, ќе можеме да се сликаме со Роналдо, Меси и Нејмар, ќе имаме супер музика со тимот на Супер радио и ќе го следиме заеднички натпреварот Франција-Белгија, вечерва со почеток во 20:00 часот, информираат од „Тамаро“.
Од „Тамаро“ најавуваат уште едно супер атрактивно лето исполнето со многу акции, промоции и интересни проекти. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива