Toress

Фернандо Торес кариерата ја продолжува во Јапонија

Тосу, 10. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Прославениот шпански напаѓач, Фернандо Торес по завршувањето на авантурата со Атлетико Мадрид конечно го откри новиот клуб во кој ќе настапува во иднина.

34 годишниот напаѓач ќе биде дел од јапонскиот тим на Саган Тосу кој се натпреварува во најсилната Џеј Лига, а во моментов е на 17. позиција на табелата.

Во минатиот период се шпекулираше дека Торес би можел да ги засили редовите на Сиднеј или Чикаго, а се споменуваше и негово останување во Европа, во тимот на француски Лил.

Торес станува вториот познат Шпанец во кој во краток период направи трансфер во Јапонија откако претходно Андрес Иниеста се пресели во редовите на Висел Кобе. (Крај)

извор: Дерби фото: архива