opstina debrca

Општина Дебрца ќе добие средства од државниот буџет за шест развојни проекти

Дебрца, 10. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Дебрца е меѓу општините кои ќе добијат средства од државниот Буџет за реализиација на развојни проектни активности.

Вчера во Владата беа потпишани договори за имплементација на 98 нови проекти за развој на планските региони, на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби. Корисници на средствата и имплементатори на проектите се општините и Центрите за развој на планските региони.

Па така за општина Дебрца, преку Центарот за развој на југозападниот плански регион, обезбедени се средства за шест проектни активности, од кои две ќе се реализираат заеднички со општина Струга.

Градоначалникот Зоран Ногачески ги посочи одобрените проекти.
– реконструкција на старата училишна зграда во село Волино и нејзина пренамена во Центар на локалната заедница, проектна вредност околу 2.900.000 денари;
– изработка на техничка документација – основен проект за реконструкција на патен правец село Злести – врска со регионален пат;
– изработка на техничка документација – основен проект за реконструкција на патен правец село Мешеишта – село Волино;
– изработка на техничка документација – основен проект за изградба на патен правец Млин „Илинче” – Црква „Свети Илија”, Мешеишта.
Заедно со општина Струга обезбедени се средства за следните проектни активности:
– изработка на техничка документација – основен проект за доизградба на патен правец село Требеништа / општина Дебрца – село Мислешево / општина Струга;
– изработка на техничка документација – основен проект за доизградба на патен правец село Волино / општина Дебрца – село Мороишта / општина Струга. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива