stojanoski1tv

Стојановски: Очекуваме богата туристичка сезона

Охрид, 10. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охрид не може да смета на приходите од туристичката сезона за пополнување на јавниот долг, како една од најзадолжените општини, затоа што финансиите ги добива од даноците и други придонеси, вели охридскиот градоначалник Јован Стојановски.

Сепак, очекува побогата туристичка сезона, со повеќе странски и домашни гости, како тренд од претходните години.

– Изминатите години расте бројот на домашните посетители, но анализирано од претходните туристички движења, платежната способност или потрошувачката на туристите коишто доаѓаат во Охрид се намалува. Туристот којшто доаѓа троши се` помалку и помалку во Охрид. Тоа е лошо и на тоа треба да се работи во наредните години, истакна тој во интервју за 1тв. (Крај)
извор: 1тв фото: 1тв