ronaldo Juve

Официјално: Роналдо е нов фудбалер на Јувентус

Торино, 11. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Кристијано Роналдо и официјално е фудбалер на Јувентус.Реал Мадрид со соопштение до јавноста објави дека Португалецот на негово барање си заминува од клубот и кариерата ја продолжува во таборот на италијанскиот шампион.

„Старата дама“ на „кралскиот клуб“ ќе му исплати 105 милиони фунти обештетување.Тој ќе стане најплатениот фудбалер во историјата на Серија А, бидејќи ќе заработува околу 30 милиони евра годишно.

Роналдо играше во дресот на Реал Мадрид од 2009 година и за изминативе сезони сруши многу рекорди. На 438 официјални натпревари во белиот дрес тој постигна 451 гол, освои вкупно 16 трофеи, а четири пати ја доби Златната топка како фудбалер на Реал Мадрид.

Главна причина за заминувањето на Роналдо од „Сантијаго Бернабеу“ се несогласувањата со претседателот Флорентино Перез околу новиот договор, но и фактот дека фудбалерот беше осуден за даночно затајување и мораше да плати казна од 17 милиони евра. (Крај)

извор: Телма фото: архива