marez-siti-1

Ријад Марез за 60 милиони евра од Лестер премина во Манчестер Сити

Манчестер, 11. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Ријад Марез и официјално е нов член на Манчестер Сити и тој е првото засилување за англискиот шампион во летниот преоден рок.

Висината на трансферот на Марез од Лестер во Сити е 60 милиони евра, 10 повеќе од сумата која не беше доволна за овој трансфер да се реализира во јануарскиот рок.

27-годишнито Алжирец со „граѓаните“ потпиша петгодишен договор.

Марез во Лестер беше од 2014 година и заедно со Варди беа најзаслужните за шампионскиот трофеј од Премиер лигата освоен во сезоната 2015/16. (Крај)

извор: 24вести фото: архива