polizijastruga

Разрешен директорот на струшкиот затвор Арменд Шаќири

Струга, 11. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Разрешен е првиот човек на струшкиот затвор, Арменд Шаќири.

Владата на вчерашната седница, го разреши од должноста директор на  Казнено поправен дом од отворен вид Струга. Разрешувањето е по барање на Шаќири, стои во информацијата од Владата.

Во саботата МВР, во соработка со ОЈО за организиран криминал и корупција спроведе полициска акција во Струга, откако беше откриено дека инспектори, полицајци, чувари во затворот, но и локални бизнисмени биле замешани во организирана криминална група за продажба на дрога и оружје во струшкиот регион. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива