policijaslika

Лице од струшки Теферич пронајдено мртво кај реката Сатеска

Струга, 11. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во близина на мостот на реката Сатеска, во патничко моторно возило „БМВ“ со струшки регистерски таблици, на задното седиште, вчера бил пронајден починат 63-годишниот Н.С. од струшкото село Теферич.

– На местото на настанот, извршен е увид од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива