kosarkarimladi

Младите македонски кошаркари отпатуваа за Бугарија на ЕП

Скопје, 12. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Младата кошаркарска репрезентација на Македонија до 20 години утрово отпатува за Софија каде од утре го започнува својот настап на Европското првенство (дивизија Б).

Црвено-жолтите ќе играат во А групата, во која за противници ќе ги имаат: Летонија, Азербејџан, Белгија и со Белорусија.

Распоред на натпревари:

13. јули (петок – 20:30 часот)
Летонија – Македонија

15. јули (недела – 18:15)
Македонија – Белгија

17. јули (вторник – 16:00)
Азербејџан – Македонија

18. јули (среда – 20:30)
Македонија – Белорусија

Селекторот Никола Василев на овој шампионатот ги поведе: Миле Станимировиќ, Константин Мартиноски, Елвис Хот, Никола Кицев, Дамјан Крстевски, Петар Огњеновиќ, Петар Прентовиќ, Виктор Ефремовски, Павле Михајлоски, Ранко Мамузиќ, Леонид Тодоровски и Томислав Петров.

Првопласираните две селекции од секоја од четирите групи ќе обезбедат пласман во четвртфиналето, додека трите најдобро рангирани на шампионатот ќе се изборат за место во А дивизијата. (Крај)

извор: Сител фото: архива