IMG_7830

„Витаминка и Тамаро“ SUMMER TAXI денес на плажа НЕМО (Фото/Видео)

Охрид, 12. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Многу награди за најмладите, игри и супер музика денес на плажата НЕМО, како дел од новиот мега-проект на охридските „Тамаро“ маркети и Супер радио, кој ќе внесе вистинска свежина во делот на забавата ова лето во Охрид – летното „Витаминка“ такси.

Проектот ќе трае во текот на месеците јули и август, најатрактивните месеци во Охрид во текот на летото.

– Нашиот нов авто-миленик, нашето „Рено 4“ е веќе избрендирано во боите на „Витаминка“, „Тамаро“ и Супер радио и летово ќе биде вистинска атракција на охридските улици. Планирани се по една атрактивна акција неделно по некоја од најпопуларните охридски плажи, каде нашите претставници ќе им делат на сите заинтересирани вкусни „Витаминка“ производи, вели водителот Жанко ЗШ Голабоски, кој заедно со Dj Regie Rules денес беа специјални гости на плажата НЕМО.

Она што е посебно интересно е што еднаш неделно е предвидено и бесплатно такси возење со истата екипа.

– Сите кои ќе го застанат нашето возило ќе бидат однесени комплетно бесплатно до саканата дестинација, а ќе добијат и многу „Витаминка“ производи, додава Голабоски.

Од сите настани ќе се изработуваат промотивни видеа, кои ќе бидат достапни на социјалните мрежи и информативните портали OhridPress и INpress. За сите слушатели на најдобрата локална радио станица, охридското Супер радио секојдневно ќе се доделуваат вредни „Витаминка“ награди за уште едно СУПЕР ЛЕТО. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес