univerzitetinformatika

Kонкурс за втор циклус студии на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид

Охрид, 13. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид, нуди креативни постдипломски студии во областа на информатичките науки и технологии.

Објавен е конкурсот за втор циклус студии на Факултетот за комуникациски мрежи и безбедност и тоа програмата за Информатички науки и технологии иФaкултетот за применети информатички технологии, машинска интелигенција и роботика и тоа програмата за Информатичка и мрежна безбедност, приватност и заштита за податоци. И двете програми се актуелни со можност за усовршување и продлабочување на претходното знаење од областа. Програмата за Информатичка и мрежна безбедност, приватност и заштита на податоци, е новина која се воведува од оваа година и нуди увид во најновите достигнувања од областа.

Рокови за пријавување се во периодот од 10 септември до 10 октомври, а запишувањето на кандидатите е 18-ти и 19-ти октомври.

Повеќе информации во однос на условите за упис може да се добијат на следниот линк. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива