kresnikbektesi

Министерот за економија Бектеши во недела во работна посета на Охрид

Охрид, 13. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за економија во Владата на Република Македонија Крешник Бектеши во недела ќе оствари работна посета во Охрид, каде ќе се сретне со градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојановски.

Според најавта, тој ќе се сретне и со претставници на ХОТАМ, а ќе се разговара за годинешната туристичка сезона и владините мерки за поддршка на туристичките капацитети во земјата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива