Спорт

Пет играчи го напуштија Челзи

Лондон, 1. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Напаѓачот Гонзало Игуаин, голманите Роберт Грин и Едуардо Карваљо, како и дефанзивците Кајл Скот и Гери Кејхил го напуштија Челзи, објави официјалниот сајт на лондонскиот тим.

На сите им истекоа договорите со клубот.

Игуаин играше за Челзи во втората половина на сезоната 2018/19 на позајмица. Аргентинецот му припаѓа на Јувентус.

Грин ја заврши својата фудбалска кариера, додека Кејхил, Едуардо и Скот ќе бараат нови тимови. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука