janepetkov

„Човекот амфибија“ – Јане Петков ќе открие како се подготвува пред подвигот за Гинис

Охрид, 17. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – „Човекот амфибија“ – Јане Петков, кој на 24-ти овој месец во водите на Охридското езеро ќе се обиде уште еднаш да направи подвиг за Гинис, вечерва ќе одржи интересно и уникатно предавање.

Ќе ги презентира посебните техники на дишење, концентрација и контрола на мислата, кои ги практикува при изведувањето на овој подвиг и воопшто како начин на живот.

Предавањето е во организација на Црвен крст Охрид и ќе се реализира во нивните простории со почеток во 19:00 часот.

„Човекот амфибија“ како го нарекуваат Јане Петков од Петрич, Бугарија, ќе се обиде да преплива должина поголема од 3,5 км и постави нов Гинисов рекорд во Охридското Езеро, врзан со ланци и во вреќа.

Јане Петков е роден во 1954 година, а веќе го постави Гинисовиот рекорд во препливување врзан со ланци и во вреќа во должина од 2.388 метри, за време од 2 часа, 55 минути и 47 секунди, токму ва Охридското Езеро, на патеката Горица-Градско пристаниште Охрид во септември 2013 година.

Сегашниот гинисов рекорд во пливање врзан со ланци го поставил Индиецот Гопал Карви со препливани 3.071 метри во Индискиот океан на први декември 2013 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива