PressPecakov

Пецаков: Жителите на Стар град не бараа рампи и не се должни да плаќаат за картички

Охрид, 18. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Локалната власт предводена од градоначалникот Јован Стојаноски повеќе не е глас на разумот, гласот на граѓаните и гласот на Охрид. Без разум и совест во период кога туристичката сезона е започната повторно се поставени рампите во центарот на градот и Горна порта, рече на денешната прес конференција координаторот на советничката група и член на извршниот комитет на  ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков.

Тој побара од градоначалникот да го поништи донесеното решение со образложение дека ќе трпат станоиздавачите, туристите, угостителите и жителите на Стар град.

– Наместо општество за сите, зошто ги делите граѓаните со специјални пропусници? Знаеме дека немаат сите жители на Стариот дел на своите дозволи место на живеење токму од Стар град, а за туристите воопшто да не стане збор. Која е логиката да плаќаат за картичките по 150 денари? Ова е директен удар врз туризмот. Има сопственици на имот од овој дел што живеат надвор од Охрид. Како ќе го остварат тие своето право на картички за да можат да влезат во стариот дел на градот, запраша Пецаков.

Тој го повика градоначалникот и локалната пред да спроведат некој проект, да направат сериозна анализа од сите аспекти, која ќе резултира со издржано решение, а не избрзан проект проследен со низа недостатоци како зонското пракирање и режимот на сообраќај во стариот дел на градот. (Крај)

извор: ОК ВМРО ДПМНЕ фото: ОК ВМРО ДПМНЕ