policijaslika

Охриѓанец со камион прегазил човек на патот Битола-Ресен

Охрид, 18. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Товарно моторно возило „Мерцедес“ со охридски регистерски таблици управувано од 69-годишнито М.Б. од Охрид, вчера околу 09:55 часот, на магистралниот пат Битола-Ресен удрило во 51-годишниот пешак Б.Т. од ресенското село Долно Перово.

– Во незгодата Б.Т. се здобил со тешки телесни повреди по што му била укажана лекарска помош во Јавната здравствена установа во Ресен. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица – Ресен и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива