Summer Comedy Marathon во Jazz Inn

Охрид, 18. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Покрај бројните културни и музички настани, Охрид ова лето претендира да биде и центар на забавата и хуморот. За прв пат во култниот Jazz Inn ќе се одржи Summer Comedy Marathon.

– За прв пат толку интензивна програма во градот кој освен тоа што е град на УНЕСКО, слободно може да се каже дека е и град на комедијата, информираат организаторите.

Jazz Inn е местото на кое три недели по ред ќе имате можност да уживате во седум неверојатни комеди шоуа:

23.07. – Плашици – нови комичари
24.07. – 6 љути мажи – Stand Up со Зоки, Илија, Никола, Јордан, Јовче и Никола
25.07. – The tongue twister – Stand up in english со Никола тодороски
26.07. – 2 Mama`s Bros Cabaret со Стрезо Стаматовски и Никола Тодороски
27.07. – Artificial intelligence, natural stupidity со Никола Тодороски
28.07. – Импровокација – театарска импровокација со Кипро, Стрез, Коле, Жура, Чиче
29.07. – Sex Show – Stand up со Зоки, Илија, Никола, Јордан, Јовче и Никола.

Сите настани започнуваат во 21:00 часот, а билетите се веќе пуштени во продажба по цена од 200 денари во Music Shop ZZ Top. Резервации на телефон: 070/916-961.

– Со секој купен билет имате можност да гледате уште едно шоу гратис (освен Импровокација) со претходна резервација. Нека биде ова жешко лето со многу насмевки, додаваат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива