zlatkostojanoski

Стојаноски: Звучни имиња од светската музичка сцена, Bang La Deck и Dj EDX во Discoteque Park

Охрид, 19. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – За прв пат во Македонија во Discoteque Park во Охрид на 25-ти јули ќе гостува швајцарскиот диџеј и продуцент Maurizio Colella, познат како Dj EDX, resident DJ во Space Ibiza и Wynn Las Vegas.

– EDX издава музика за престижната екитета Spinnin` Records, основач е на интернационално реномираната куќа Sirup Music. Не е многу комерцијален  ни како диџеј, ни како продуцент, a во своите сетови вметнува Deep house и Tech-house музика. Ова ќе биде негово прво гостување не само во Македонија, туку и пошироко на Балканот, вели за „Радио Корнер“ Златко Стојаноски од Discoteque Park, кој беше денешен гостин на Супер радио, каде најави уште еден атрактивен настан, второто гостување во Park на хитмејкерите Bang La Decks.

Супер радио: Bang La Decks гостуваше во Охрид минатото лето и направи журка за која долго се зборуваше. Овој пат повторно гостува во Discoteque Park, па да ги споделиме детаљите околу настанот?

Стојаноски: Bang La Decks веќе се добро познати за македонската публика, го освоија светот, со нивните мега хитови Kuedon, Zouka, Aide, Utopia итн. Тие се дј-ско дуо со седиште во Грција, втор пат гостуваат во Discoteque Park, а досега имаат и неколку гостувања во останатите градови низ Македонија. Оние кои биле присутни на нивните настапи ја паметат прекрасната позитивна атмосфера која ја креира Bang La Decks. Можам да забележам дека годинава  има уште поголем интерес за овој настан кој е закажан за сабота 21-ви јули.

Image may contain: 3 people, beard and text

Супер радио: Од колку часот почнува настапот на Bang La Decks и каде може да се купат влезниците?

Стојаноски: Забавата почнува на полноќ, но поради огромниот интерес ги замолуваме гостите да дојдам малку порано, во интерес на тоа да не создаде голема гужва пред влезот. Влезниците се веќе во претпродажба преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, нивните претставништва во Охрид и низ цела Македонија, но и на градскиот плоштад во Охрид. Со Бистро „Корнер“ имаме прекрасна соработка и сакам да напоменам дека ова лето со секоја резервација на маса во „Корнер“ гостите добиваат гратис влезници за настаните во организација на Discoteque Park. Денес ќе наградиме и 10 пријатели на Супер радио, пет гратиси за Bang La Decks и пет за EDX.

Супер радио: Го споменавме диџеј EDX, па ги запознаеме читателите малку повеќе со ова исклучително кавалитетно име на електронската сцената. Кога ќе се случи оваа журка?

Стојаноски: Неговото вистинско име е Maurizio Colella, а светот го познава како EDX. Toj e швајцарскиот диџеј и продуцент кој издава за престижната екитета Spinnin` Records. Неговиот настап во Discoteque Park е на 25-ти јули, а ова ќе биде негово прво гостување, не само во Македонија, туку и пошироко на Балканот. Од сите балкански земји единствено еднаш има настапено во Хрватска. EDX e еден од најпосветените и најпочитуваните карактери во електронската музика, продуцент и основач на интернационално реномираната Sirup Music, resident DJ во Space Ibiza и Wynn Las Vegas.

Image may contain: 1 person, sitting and indoor

Супер радио: Какви жанрови се дел од сетовите на EDX?

Стојаноски: Тој не е многу комерцијален, ни како DJ, ни како продуцент, во своите сетови вметнува Deep house, Tech-house музика.

Супер радио: Покрај овие два настани, што друго ќе се случува во Discoteque Park ова лето?

Стојаноски: Покрај гостувања на звучни имиња од светската музичката сцена, во Discoteque Park секогаш може да ги слушате и охридските DJ-и. Имаме тематски забави, вечерва имаме пена парти, утре настапува Dj YuXeLL, на 22-ри јули Hip Hop забава со Dj Chvare, Dj Goce Saf и Dj Face. Комплетната листа на настани може да ја следите преку Facebook страната на Discoteque Park.

bistrocorner1

Емисијата „Радио Корнер“ се емитува секој работен ден од 12:00 до 14:00 во живо од Bistro Corner. Водител е Александра Алексијевска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес