neymar-psg

Конечно се огласи и Нејмар: Останувам во ПСЖ!

Париз, 20. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Трансфер сагата околу Бразилецот Нејмар и неговото преминување во тимот на Реал Мадрид, од час во час добива различен тек. По завршувањето на Мундијалот првпат околу својата иднина се огласи и самиот Нејмар и потврди дека и наредната сезона ќе биде дел од тимот на ПСЖ.

– Останувам, имам договор со ПСЖ и сакам заедно да ги реализираме нашите планови и цели. Нема да подлегнам на бројните шпекулации. Се надевам дека ќе имаме успешна сезона и ќе освоиме уште многу трофеи“, изјави Нејмар.

Претходно и раководните луѓе на ПСЖ потврдија дека не размислуваат за продажба на Нејмар, а истото преку соопштение го објави и Реал Мадрид, кој побара да се престане со шпекулации, бидејќи нема никаква официјална понуда од нивна страна за Бразилецот. (Крај)

извор: Gol.mk фото: архива