ivanaavalon2

Нолчева: Ohrid Calling е фестивал кој едноставно мора да се доживее и почувствува

Охрид, 31. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Дел од водечките имиња од светската електронска сцена ќе бидат дел од третото издание на фестивалот Ohrid Calling 2018, што ќе се одржува на 1-ви и 2-ри и 4-ти август на стадионот „Билјанини извори“.

– Фестивалот е веќе препознатлив во светот, привлекува многу посетители и туристи од цел свет. Артистите кои ги имаме за трите фестивалски вечери се доста атрактивни и интересот за сите е подеднаков. Надовор од Македонија, особен интерес има од Бугарија, Грција, Србија, Словенија, Косово, Албанија, а вон регионот има интерес и од Холандија, Британија, Белгија. Ќе доаѓаат и посетители од Австралија и Америка, буквално цел свет го носиме во Охрид, вели за емисијата „Радио Корнер“ Ивана Нолчева PR на Авалон продукција, која денес гостуваше во емисијата „Радио Корнер“ на Супер радио.

Супер радио: До каде се подготовките за трeтото издание на фестивалот Ohrid Calling?

Нолчева: Подготовките за Ohrid Calling се пред крај, работиме напорно фестивалот да доживее уште уште поспектакуларно издание од досегашните две. Фестивалот веќе е препознатлив во светот, привлекува многу посетители и туристи од Македонија и регионот, доказ за тоа е тоа што покрај водечките хедлајнери кои годинава ги имаме, имаме и десетина диџеи од Македонија, Белгија, Словенија, Јапонија, САД, Албанија, Норвешка, Холандија, Бразил итн.

Супер радио: Од кои земји интересот за фестивалот е најголем и за кој од артисите?

Нолчева: Артистите кои ги имаме за трите фестивалски вечери се особено атрактивни и интересот за сите е подеднаков. Надовор од Македонија, особен интерес има од Бугарија, Грција, Србија, Словенија, Косово, Албанија, а вон регионот има интерес и од Холандија, Британија, Белгија. Ќе доаѓаат и посетители од Австралија и Америка, буквално цел свет го носиме во Охрид.

Image may contain: 5 people, meme and text

Супер радио: Минатото издание фестивалот имаше импресивна и огромна сцена со спектакуларно лајт шоу и пиротехника. Што да очекуваме овој пат?

Нолчева: Интересно е тоа што и годинава имаме уште поголема сцена, за десет квадратни метри поголема од главната сцена на фестивалот Егзит. Ќе има импресивен лајт шоу, особено за настапот на Armin Van Buren, пропратено со многу ласер визуелизации, пиротехника и огномет. Подготвивме шоу кое едноставно мора да се доживее и да се почувствува. Веруваме дека за сите посетители тоа ќе биде настан за паметење, но и раскажување.

Супер радио: Поради огромниот интерес во колку часот се отвораат вратите за посетителите?

Нолчева: Вратите ги отвораме во 20:00 часот, а настапите почнуваат во 21:00 часот па се до раните утрински часови. Лајн-апот е составен од артисти од цел свет. Почнуваме со Busta Row од Јапонија, потоа настапуваат Avadox од Словенија и Galoski од Макеоднија, а првата фестивалска вечер ќе ја завршиме со завршен сет на Dimitri Vegas & Like Mike. На втори август почнуваме со Dj Cool од Албанија и Dejan Mickoski од Њу Јорк, по што ќе настапат и хедланерите Roger Shanchez и Jax Jones. Последната фестивалска вечер на четврти август ја отвораме со Yaksa од Јапонија, по што следат Bruno Martini од Бразил, норвежанецот Nicholas Adams. Фестивалот финишира со спектакларниот настап на Armin Van Buren.

Супер радио: Како продукција Ви се допаѓа што работите во град како Охрид?

Нолчева: Охрид апсолутно е прекрасен град за работа. Имаме доста поддршка и од локалната самоуправа која го препознава значењето на фестивалот за туристички град каков што е Охрид. Имаме беспрекорна соработка со сите со кои соработуваме за фестивалот уште долги години да биде бренд на градот и атракција за посетителите на градот.

bistrocorner1

Емисијата „Радио Корнер“ се емитува секој работен ден од 12:00 до 14:00 во живо од Bistro Corner. Водител е Александра Алексијевска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес