ohridcalling2018

Jax Jones не доаѓа на Ohrid Calling, од Авалон обвинуваат за некоректност и аматеризам

Охрид, 2. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од Авалон Продукција информираат дека е откажан настапот на популарниот Jax Jones и дека на негово место доаѓа Salvatore Ganacci.

– Ве информираме дека во 25 годишната кариера на Авалон Продукција за прв пат се соочуваме со ваква некоректност и аматеризам. Само 24 часа пред неговиот настап во Охрид, агентот на Jax Jones не’ извести декa добил насоки од неговиот менаџмент дека нема да дојде во Охрид, иако имавме валиден потпишан договор кој е во целост финансиски исполнет кон него. Причината за тоа е неверојатна и до сега непозната во нашата долгогодишна работа. Според нив, Македонија е секундарен маркет и тие си го задржуваат правото да го откажат настапот затоа што добиле одредена понуда за маркет кој за нив е примарен. На сите наши апели дека вакво нешто е непоимливо во музичката индустрија, добивме само извинување од агентот дека тој не може ништо да направи за да ја смени одлуката на менаџментот на Јаx Jones. Бидете слободни и прашањата за недоаѓањето на Jax Jones поставете ги нему и неговиот менаџмент. Впрочем, на веб стајтот на Jax Jones се’ уште стои дека ќе настапи пред македонската публика. Како што ние дознавме, причината за недоаѓањето е понудата да настапи на радиско шоу во Ибица, во истото време кога требаше да има со договор потпишан настап во Охрид, информираат од Авалон Продукција.

Image may contain: 1 person, beard and text

Тие додаваат дека е обезбедена замена со DJ кој е на повисоко ниво од Jax Jones – DJ Salvatore Ganacci.

– Иако се работи за многу поскап ди-џеј, цените за вечерва остануваат исти. Сите што блок картите ги зaменија со нараквици се разбира дека истите ќе им важат за вечерва, како и за саботниот настап на Armin Van Buuren, додаваат од Авалон Продукција. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива