ok vmro dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Имавте осум години да изградите автобуска станица

Охрид, 2. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Ако Вие во СДСМ имате малку срам наместо да обвинувате ќе го поздравевте проектот за новата автобуска станица, стои во реакцијата од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид на денешното соопштение испратено до медиумите од ОО на СДСМ.

– Знаејќи дека ги извртувате вашите изјави исто како вашиот политички ментор нема да успеете токму Вие да ја скриете вистината од јавноста. Лицемерно е да се правите наивни, па зарем Вие не бевте тие коишто тогаш ја напуштивте седницата на Совет токму кога се расправаше јавно и транспарентно? Осум години имавте време да изградите автобуска станица и зарем си верувате самите во тоа дека Вие сте го комплетирале проектот? Имено, продажбата на градежното земјиште се изврши според Закон за градежно земиште, зошто тогаш вашите бизнис-фирми не се пријавија и истите не го купија земјиштето по смешна цена како што велите? Кога веќе без срам прашувате тогаш да знаете дека со финансиските средства ги враќавме долговите кои ги наследивме токму од вас. ВМРО-ДПМНЕ Ве советува, оставете ги готовите проекти тие се видливи, започнете со проектите што им ги ветивте на охриѓани. За крај нека Ви е честит празникот Илинден, стои во дописот до медиумите. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива