arminohrid

Авалон: На Armin van Buuren во сабота очекуваме рекордни 15 илјади посетители

Охрид, 3. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Годинешното издание на Ohrid Calling е досега најуспешно фестивалско издание на сите времиња во Mакедонија, порачуваат од Авалон Продукција.

– На првиот ден на навистина грандиозното шоу на Dimitri Vegas & Like MIke присуствуваа повеќе од 10.000 посетители, а според досегашната продажба на резервации и слично, очекуваме во сабота, на завршниот настап на фестивалот на кралот на електронската музика Armin van Buuren да имаме повеќе од 15.000 посетители, што е цифра која досега сме ја имале единствено на Lenny Kravitz и на David Guetta, додаваат од продукцијата.

Тие апелираат посетителите да ги набават влезниците навреме и навреме да дојдат на стадионот „Билјанини извори“.

– Дојдете, сите заедно да присуствуваме на уште еден навистина голем, визуелен и музички светски спектакл. Одиме понатаму, порачуваат од Авалон Продукција. (Крај)

извор: Авалон Продукција фото: Авалон Продукција