Кривични за две лица од Битола за скандирање навредливи пораки на „Мечкин камен“

Скопје, 6. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против 24-годишниот М.Д. и 19-годишниот Ѓ.Д., двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнeние за сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“.

– Во врска со настаните во Крушево на 2 август во полициска станица се повикани повеќе лица и по документирањето на случаите и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. На 02.08.2018 година околу 13:00 часот на местото „Мечкин Камен“ во Крушево, каде се одржуваше манифестација по повод прослава на националниот празник „Илинден“,   пријавените лица организирано присуствувале на прославата како дел од група составена од навивачи од повеќе навивачки групи. За време на положувањето на цвеќе од страна на присутните делегации провопријавениот М.Д., второпријавениот Ѓ.Д. и други лица, стоејќи во непосредна близина до VIP ложата, спроти бината каде се одржувала манифестацијата, скандирале навредливи пораки со што сториле кривично дело „предизвикување омраза, раздор, или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: Макфакс