gjubre velestovo 2

„Еколошка идила“ покрај патот за селото Велестово (Фото)

Охрид, 6. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Делови од мебел и покуќнина, градежен шут и друг вид отпад оставен и расфрлан насекаде… Ваква е сликата покрај патот што води до селото Велестово.

Покрај прекрасниот поглед на Охрид и езерото, окото ќе Ви се задржи и на расфрланото ѓубре, кое доволно говори за „колективното ниво на еколошката свест“.

gjubre velestovo 3

gjubre velestovo 4
Ваквата состојба не е нова и не е само тука, се акумулира со години, но ситуацијата е како во поговорката „кучињата лаат, карванот врви“.

gjubre velestovo

gjubre velestovo 1

gjubre velestovo 5Очигледно некои граѓани се` уште немаат научено каде и како да го одлагаат градежниот шут, кабастиот и другиот вид отпад. Треба да имаме на ум дека вработените во комуналното претпријатие во Охрид не се единствените кои се грижат за чистотата во градот. И граѓаните се оние кои најмногу треба да внимаваат, но и инспекторатот кој конечно треба да започне да дели казни за оние на кои загадувањето на околината не им значи ама баш ништо.

Имаме природа со која треба да се гордееме, а ја третираме како депонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес