damjanpejcinovski

Маестро Дамјан Пејчиноски на 9-ти август со концерт во Cuba Libre

Охрид, 6. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Еден од најдобрите македонски гитаристи, охриѓанецот Дамјан Пејчиноски во четврток, на 9-ти август ќе одржи концерт на плажата Cuba Libre во Охрид.

Специјални гости на концертот на Пејчиноски и неговиот квартет ќе бидат Џон Илија Апелгрин, како и бугарскиот виолинист Љубомир Тулумбаџиев.

Влезот за сите посетители е слободен, а концертот ќе започне во 22:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива