rakomet-struga

Се е подготвено за 46. издание: Струшкиот турнир го враќа стариот сјај

Струга, 7. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – И оваа година во Струга ќе се одржи традиционалниот ракометен турнир и тоа во периодот од 15 до 19 август, турнир кој ќе биде збогатен и со мечот од Суперкупот на Македонија меѓу Вардар и Металург.

На струшниот турнир оваа година ќе учествуваат осум екипи, односно две повеќе од лани и истите ќе бидат поделени во две групи. Тука се составите на Струга, Еурофарм Работник, Целје, Бешикташ, Тулуз, Железничар, Алингсас и Констанца, па сите се надеваат дека организацијата ќе биде беспрекорна и овој турнир ќе го врати стариот сјај и реноме.

-Годинава имаме издание со осум екипи, две повеќе од лани. Ние напорно работиме турнирот да го кренеме на уште повисоко ниво. Задоволство е што нашата работа има резултат и тоа што РФМ и АМС го видоа тоа и се вклучија како покровители на турнирот, -рече Наумче Мојсовски.

Воедно ова издание на струшкиот турнир ќе има и хуманитарен карактер, цената на билетите се по 50 денари или за целиот турнир по цена од 250 денари, а сите собрани средства ќе бидат наменети за  Центарот за дијализа во Струга. (Крај)

извор: Дерби фото: архива