gjomleze1

„Охридска софра“ на 1-ви септември, пријавувањето е во тек

Охрид, 8. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – На 1-ви септември во селото Скребатно традиционално ќе се одржи манифестацијата „Охридска софра“.

Гостите и посетителите и оваа година ќе се запознаат со богатството на охридската традиционална храна, пијалоци и други етнолошки вредности како дел од туристичка понуда на охридскиот регион.

Заинтересирани учесници који што сакаат да бидат дел од манифестацијата ги покануваме да се пријават во просториите Секторот за туризам и ЛЕР или на тел. 046/ 262- 492/493 лок 123  најдоцна до 24-ти август.

И овојпат познатата ѓомлезијада како што се нарекува, има натпреварувачки карактер. Наградниот фонд е 20.000 денари за трите најдобро подготвени ѓомлезиња. Наградата за првонаграденото ѓомлезе ќе биде 10.000 денари, за второнаграденото 7.000 денари, а за третонаграденото 3.000 денари.

gjomlezijada1

Промоцијата на алтернативниот туризам во охридскиот регион,  продолжувањето на традицијата како темел на нашиот рурален развој, креативноста на жителите, производители на вкусното ѓомлезе, сирење и презентацијата на традиционалната храна и годинава ќе бидат главен белег на оваа манифестација. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива