ohridstruganavecer

Стартува „Охрид и Струга навечер“ на OhridPress

Охрид, 10. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – По пробниот период од над два месеци, од денес, за Велигден, на вашиот локален информатор OhridPress стартува рубриката „Охрид и  Струга навечер“.

Во овој дел од нашиот портал ќе можете да најдете информации за свирките на познати групи и изведувачи, настапите на Dj-и, концертите се` она интересно што се случува во најпопуларните и најелитните места за излегување на младите во Охрид и Струга.

OhridPress и понатаму останува Ваш проверен градски информатор за сите случувања кои се важни и релевантни за животот на градот, а од денес со „Охрид и  Струга навечер“ ќе Ве информираме и за местата каде се случуваат најдобрите забави. Во комбинација со реклами на Супер радио – најслушаната локална радио станица во Република Македонија, станува збор за вистински начин за информирање на охриѓани и стружани за најважните настани во регионот.

ohridistruganavecer1Сите заинтересирани кафе барови, ресторани и сите објекти кои сакаат да бидат дел од рубриката и имаат активна програма, можат да бидат дел од пријателите на „Охрид и  Струга навечер“. На овој начин најповолно и најлесно ќе стигнат до над 250 илјади слушатели на Супер радио и над 2.000 читатели на OhridPress секојдневно. Пријавете се на 075 45 32 94. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес