policijaprotest

Инцидент во пекара во Охрид, недоразбирањата ги решавале со ножеви

Охрид, 8. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Попладнево во пекара во Охрид се случил инцидент во кој учесниците ги решавале недоразбирањата со ножеви.

Порталот Охрид 1 јавува дека инцидентот се случил помеѓу вработени лица во пекарата. Веднаш била повикана полиција, а интервенирала и екипа на Брзата помош.

Повредените лица биле итно пренесени во охридската болница. (Крај)

извор: Охрид 1 фото: архива