Biblioteka Ohrid

Гордана Змејкоска именувана за директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

Охрид, 9. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – По спроведениот конкурс, миинистерот за култура, Асаф Адеми ја именува Гордана Змејкоска за директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.

Змејкоска веќе една година беше в.д. директор на оваа културна установа. Таа доаѓа од редот на вработените, зад себе има над дведецениски стаж во охридската библиотека, во делот за стручна обработка на книжниот фонд.

Покрај за охридската библиотека, министерот именува уште седум директори на установи од културата: Маја Андоновска-Илијевски за директор на Центарот за култура во Битола, Роска Илиева – на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино, Иван Јерчиќ е прв човек на Битолскиот театар, Благоја Атанасоски на Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Прилеп, Бобан Хусениковски – на Музеј-Гевгелија, Васо Ристов е именуван за директор на Македонската опера и балет и Ердоан Максут за директор на Турски театар-Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива