brzapomosopsta

Охридската Брза помош и ова лето со полни раце работа, дневно се примаат над 20 повици

Охрид, 9. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Зголемен број на интервенции на терен и амбулантски прегледи бележи во текот на летните месеци охридската служба за Итна медицинска помош.

Бројката бележи пораст во однос на минатата сезона, а покрај интервенциите и прегледите во амбулантата, наша екипа редовно е присутна и на бројните манифестации кои ги има во Охрид, изјави за Супер радио и OhridPress началничката на Службата за Итна медицинска помош, д-р Ана Неделкоска.

– Во текот на денот имаме по минимум 20 повици, а во однос на амбулантски прегледи сигурно имаме над 50. Најчесто до нашата служба се обраќаат пациенти со стомачни вирози, хипертензии, односно покачен крвен притисок, колапси поради високите температури и променливото време, кардио миопатија и друго, вели д-р Неделкоска.

Позначително оваа сезона е регистриран зголемен број на сообраќајни несреќи, па во Службата за итна помош во денот добиваат по најмалку два до три повици за интервенции.

Овде секако останува препораката хронично болните пациенти да се придржуваат до препишаната терапија, како и да не се злоупотребува бројот на итната помош. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива