maratonciplivanje

Во сабота ќе се одржи Олимпискиот пливачки маратон на 10 километри „Охрид 2018“

Охрид, 10. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ од Охрид, во сабота ќе се одржи второто издание на Интернационалниот Олимписки пливачки маратон на 10 километри „Охрид 2018“.

– Маратонот ќе се одржи на потегот помеѓу старото пристаниште пред хотелот „Палас“ и хотелот „Милениум“. Предвидено е стартот на трката за мажи да биде во 12:00 часот, а за жените во 12:05 часот. Пристигнување на пливачите на целта се очекува околу 14:00 часот, кога ќе им се доделат медалите на победниците, информираат организаторите.

Додаваат дека за регуларноста на Пливачкиот маратон на 10 километри, како олимписка дисциплина, ќе се грижат судии од Меѓународната пливачка федерација ФИНА и клубот „Охридски бранови 2008“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива