Rafa

Надал прв избори пласман на Завршниот Мастерс

Торонто, 11. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Шпанецот Рафаел Надал е првиот тенисер, кој годинава избори пласман на Завршниот Мастерс турнир што се игра во Лондон.

Тој до овој подвиг стигна откако синоќа во четвртфиналето на „Роџерс купот“ го совлада Марин Чилиќ со 2-1 во сетови (2:6; 6:4 и 6:4 во гемови). Хрватот го доби првиот сет, но немаше сили да постигне победа над Рафа.

– Ова е моја 14-та квалификација на Мастерсот по ред, тоа е секако одлична вест, изјави по мечот Надал.

До овој резултат стигна пред се благодарение на одличните настапи на „неговата“ земјена подлога. Тој триумфираше на Ролан Гарос (11.та титула), беше најдобар во Монте Карло и во Барселона, а играше и полуфинале на Вимблдон. Со полуфиналето во Торонто тоа се доволно поени за настап во Лондон.

Следен кој би можел да се пласира е Александар Зверев, а потоа следуват Роже Федерер, Хуан Мартин дел Потро, Новак Ѓоковиќ, Марин Чилиќ.

Надал вечерва во полуфиналето ќе игра против Карен Качанов од Русија, а во второто полуфинале е мечот меѓу Кевин Андерсон и Стефанос Циципас. (Крај)

извор: Спортклуб фото: архива