Ivan rakitic

По ПСЖ и Монако, сега и Баерн Минхен е заинтересиран за Ракитиќ

Минхен, 12. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Иван Ракитиќ по блескавите изданија во дресот на Хрватска за време на Светското првенство јасно докажа дека е еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот.

Шпанските медиуми пред неколку денови пишуваа дека Монако и ПСЖ се подготвени да ја активираат откупната клаузула на Хрватот од 125 милиони евра. Иако Ракитиќ нема преголема желба да го напушти „Камп Ноу“ најновиот интерес од Баерн Минхен може да го предомисли.

Нов тренер на „баварците“ е Нико Ковач, кој има одличен однос со Ракитиќ. Баерн Минхен летово остана без Артуро Видал, а се шпекулира и дека Тијаго Алкантара би можел да го напушти тимот за да се пресели во Реал Мадрид.

Ако тоа навистина се случи, германскиот шампион веднаш ќе тргне по Ракитиќ иако е познато дека Баерн не плаќа големо обештетување за фудбалерите. Сепак, не е исклуена можноста „баварците“ да го срушат клупскиот рекорд и да платата 125 милиони евра за фудбалер од калибарот на Хрватот. (Крај)

извор: Спорт1 фото: архива