ARGENTINA

Големи промени во Аргентина по заминувањето на Сампаоли: Шанса конечно добиваат „заборавените“

Буенос Аирес, 12. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Репрезентацијата на Аргентина имаше Светско првенство за заборав, а веднаш по натпреварувањето очекувано од клупата си замина Хорхе Сампаоли.

Него привремено го замени селекторот на младата репрезентација на Аргентина, Лионел Скалони кој заедно со Пабло Аимар ќе ги предводи „Гаучосите“ на следните два пријателски натпревари против Гватемала и Колумбија.

Медиумите во оваа земја веќе почнаа да шпекулираат околу составот со кој Скалони ќе истрча на овие натпревари. Наводно, конечно шанса ќе добијат заборавените Икарди и Дибала, а во репрезентацијата се очекува да биде и новиот напаѓач на Интер, Лаутаро Мартинез.

Шанса од Скалони ќе добие и фудбалерот на ПСЖ, Џовани Ло Целсо кој исто така не добиваше голема минутажа под водство на Сампаоли. (Крај)

извор: Дерби фото: архива