ohrid0310172

Во Охрид денес сончево и топло време со температура до 31. степени

Охрид, 12. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец.

УВ индексот ќе биде 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 31. степени.

– Во следните денови ќе се задржи претежно сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во вторник во попладневните часови ќе има зголемена облачност, а во планинските предели ќе има и услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во среда повеќе нестабилност попладне ќе има во југозападните делови. Најтопло се очекува да е во средината на следната работна недела, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес