maratonplivanje

18-годишен Србин ќе се обиде да го преплива езерото од Св. Наум до Охрид

Охрид, 12. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридското Езеро е вечен предизвик за спортистите, кои се обидуваат на различни начини да го „освојат“.

По обидот на бугарскиот пливач Јане Петков од Петрич да преплива повеќе од 3,5 километри во Охридското Езеро врзан со синџири и во вреќа и на тој начин да оствари нов Гинисов рекорд, денес уште еден пливач ќе се обиде да го оствари својот сон.

Имено, 18-годишниот нуркач и пливач Урош Иванковиќ од Пирот, Србија, денес ќе се обиде да ја исплива патеката од Св. Наум до Охрид, со должина од 25 километри. Придружуван од својата фамилија и од медицински и тим на спасители на вода на охридскиот Црвен крст, Урош ќе тргне од Св. Наум во 09:00 часот, а се очекува на кејот кај старото пристаниште да пристигне после 14:00 часот.

На 24-ти јули оваа година, Бугаринот Петков успеа да постави нов Гинисов рекорд во пливање во вреќа. Шеесет и четиригодишниот Петков со врзани раце и нозе патеката долга 3.380 метри од „Горица“ до Градското пристаниште ја исплива за три часа со што го надмина рекордот што го држеше Индиецот Гопал Карви со препливани 3.071 метри. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива