bomba-640x360

Малолетни деца пронашле граната на плажа кај струшко Радожда

Струга, 12. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Малолетни деца во текот на вчерашниот ден, пронашле експлозивна направа – граната на брегот на Охридското Езеро, во близина на влезот во струшкото село Радожда.

– Случајот во Полициската станица во Струга го пријавил 64-годишниот П.П., вчера околу 11:00 часот. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица од Струга и овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување – Струга, од чија страна пронајдената граната била подигната за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива