hernancattaneoorevce

Hernan Cattaneo и Nick Warren вечерва на плажа „Оревче“

Охрид, 13. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Плажата „Оревче“ ова лето се издвои како вистинско алтернативно катче за одлични културни, музички и забавни настани. Како еден од најатрактивните настани кои ќе го заокружат ова лето, од таму го најавуваат настапот на две врвни Дџ имиња Hernan Cattaneo и Nick Warren.

– Како дел од прославата на 10-тиот роденден на плажа „Оревче“, подготвуваме специјална вечер посветена на елентронската музика. Ќе слушаме back2back сет на двајца суперстар Дџ-и и андерграунд легенди – Hernan Cattaneo и Nick Warren кои ќе настапат на брегот на Охридското Езеро на 13-ти август. За загревањето се задолжени Jansky & BZarre (Oluk) + Lobor D (I AM DIFFERENT). Сите приходи од настанот ќе бидат донирани во хуманитарни цели, информираат организаторите.

Related image

извор: ОхридПрес фото: архива